Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова му ги врачи бугарските лични документи на охриѓанецот Христијан Пендиков. Таа го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.
„Голема чест ми е да ви го предадам указот со кој Бугарија ви дава државјанство. Од денеска ќе ги имате правата и обврските кои ги има секој граѓанин во нашата држава. Горда сум што можам да врачам бугарски лични документи на млад, храбар човек кој и покрај насилството и заканите остана доследен на своето потекло“, рече Јотова.
Пендиков се обрати на бугарски јазик и се пожали дека во Македонија, Бугарите како него трпат притисоци од македонските власти.
„Во Македонија има уште многу македонски Бугари кои секојдневно се борат за нашата кауза и идеологија. Тие секојдневно трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков.
Видете и ова: Софиското обвинителство поведе предистрага за закани против ПендиковГенералниот секретар на сега затворениот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, на 19 јануари годинава беше нападнат и претепан во родниот град. По претепувањето, тој со авион испратен од бугарските власти беше пренесен во болница во Софија. Против него се води предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.