Зеленски ја повика ЕУ да ја забрза испораката на муниција во Украина

УКРАИНА - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Украина Володимир Зеленски се ракуваат по заедничката прес-конференција, во Киев, 9 мај 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна потребата за побрза испорака на артилериски гранати од Европската унија за време на состанокот со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Тој, исто така, ги критикуваше ограничувањата за извозот на жито од неговата земја разурната од војна, кои беа наметнати од соседните земји на ЕУ, велејќи дека мерките се благодет за Русија.

Зеленски и фон дер Лајен разговараа и за европската интеграција, одбранбените прашања и санкциите против Русија, пренесува Франс прес.

Видете и ова: Урсула фон дер Лајен во Киев на Денот на Европа

Шефицата на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, денеска пристигна во Киев за да го одбележи Денот на Европа.

Шефицата отпатува со ноќен воз од Полска за да се види со претседателот Володимир Зеленски и да работи на обидот на Украина за можно членство во ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

Украинскиот лидер донесе декрет 9 мај да се слави во неговата земја како Ден на Европа, како и во Брисел, отфрлајќи ја традицијата на Денот на победата во Втората светска војна во поранешниот Советски Сојуз.