Рускиот претседател Владимир Путин на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, во Москва, порача дека „светот е на клучна пресвртница и дека тие се „вклучени во патриотска борба за иднината на својата земја“, мислејќи на инвазијата што Русија ја започна во Украина на 24 февруари минатата година.
„Денес цивилизацијата повторно е на одлучувачка пресвртница. Поведена е вистинска војна против нашата татковина. Го отфрливме меѓународниот тероризам, ќе ги заштитиме жителите на Донбас, ќе ја обезбедиме нашата безбедност“, рече Путин.
Во 10-минутниот говор на Црвениот плоштад, Путин ги повтори познатите пораки што ги испорача многу пати во текот на изминативе 15 месеци од руската војна во Украина.
Видете и ова: Урсула фон дер Лајен во Киев на Денот на ЕвропаТој рече дека „западните глобалистички елити“ сеат русофобија и агресивен национализам, додека украинскиот народ стана „заложник на државниот удар“ и амбициите на Западот. Тој не се осврна на предизвиците со кои се соочува Русија додека нејзините сили се подготвуваат за очекуваната голема контраофанзива на Украина, ниту пак зацрта каков било пат до победата, пренесува агенцијата Ројтерс.
Парадата на Црвениот плоштад во Москва е во време кога Русија ја одбележува 78-годишнината од крајот на Втората светска војна, додека рускиот претседател Владимир Путин истовремено, ја продолжува најголемата копнена војна на континентот од крајот на конфликтот во 1945 година.
Лидерите на поранешните советски држави, вклучувајќи ги Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Киргистан, Белорусија и Ерменија присуствуваа на воената парада по повод советската победа над нацистичка Германија.
Овие земји беа дел од Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, но ја прогласија својата независност по распадот на СССР во кој доминираа Русија во 1991 година.