Од Мицкоски до Зеленски, од Маричиќ до Климович

ИРАН - Иран погуби две лица кои беа осудени на смрт за богохулење, објави денеска веб-страницата за вести од судството Мизан. Јусеф Мехрдад и Садролах Фазели Заре беа егзекутирани за злосторства, вклучително богохулење, навреда на религијата на исламот, пророкот и други светости, објави Мизан.

МАКЕДОНИЈА - Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми денска изјави дека неговата партија во работната група за реформи во изборното законодавство, ќе предложи една изборна единица со пет посто праг и со отворени листи. Малите партии, пак, реагираа истакнувајќи дека овој предлог за нив е неприфатлив.

УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека поднел предлог-закон до Парламентот со кој официјално ќе се одбележува 9 мај како „Ден на Европа“ во Украина, додека Денот на победата, 8 мај, ќе се слави како „ден на сеќавање и победа над нацизмот“.

МАКЕДОНИЈА - Законите за изградба на големите проекти, Коридорите 8 и 10д, се веќе пристигнати во Собранието со европско знаменце, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средба која ја одржа во Сојузот на стопански комори . Тој ги повика канцеларијата на Европската комисија, но амбасадите во земјава „да се произнесат денеска“ за тоа што го направила Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

СРБИЈА - Во сите основни и средни училишта во Србија од 8 мај е зголемено присуството на полицијата, а за време на наставата е обезбедено постојано присуство на училишен полицаец, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ oчекува што поскоро да се заврши текстот на амандманите за менување на Уставот, што е услов за отворање на поглавјата во преговорите со Европската унија.

БЕЛОРУСИЈА - Почина белорускиот блогер Николај Климович, кој беше затворен поради објавување на карикатура на авторитарниот лидер на земјата Александар Лукашенко, соопшти центарот за човекови права „Вјасна“ од Минск. Оваа организација објави дека Климович починал во казнената колонија во регионот на Витебск.

РУСИЈА - Русите го продолжија притисокот врз источна Украина на 7 мај со тврдења дека е дадена повеќе муниција за платениците во Бахмут, а Украинците бараа засолниште од можни воздушни напади, додека нуклеарните претставници на ОН изразија загриженост за ризиците за најголемата нуклеарна централа во Европа - Запорожје во јужна Украина.

ИНДИЈА - Немири избувнаа во индиската држава Манипур каде протестниот марш организиран од племенска група во средата прерасна во судири, во кои беа запалени возила и куќи. Армијата распореди неколку илјади војници во земјата, која граничи со Мјанмар, и издаде наредби за употреба на оружје „во екстремни случаи“. Воведен е полициски час, а интернетот е исклучен.