Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ oчекува што поскоро да се заврши текстот на амандманите за менување на Уставот, што е услов за отворање на поглавјата во преговорите со Европската унија.
Тој рече дека со завршувањето на текстот за неколку денови или недели, ќе може уште овој месец да ги дискутираат амандманите и понатаму тие да се проследат во Собранието.
„Јас очекувам да го стигнеме рокот во ноември, но таа динамика зависи од тоа како Собранието ќе го постави календарот на уставните измени, но сметам дека треба таа процедура да се започне пред летниот распуст на Собранието“, изјави денеска Маричиќ.
Видете и ова: Работна група за привлекување поддржувачи за уставни измениВнесувањето на Бугарите во македонскиот устав минатотот лето стана дел од преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ, односно се услов поставен од Европската унија.
До ноември трае скринингот од ЕУ, а власта се надева дека ќе може да ги направи уставните измени до тогаш за веднаш да почне отворањето на поглавјата во преговорите со Унијата. Но, власта засега го нема потребното двотретинско мнозинство за промена на Уставот, за што треба да гласаат 80 пратеници. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку пати досега изјави дека нема да има промена на Уставот во овој парламентарен состав.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска уште еднаш повтори дека во овој парламентарен состав и под овие услови, уставни измени нема да има.
„Тоа за мене е затворена тема. Многу пати сум го кажал мојот став, ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во овој парламентарен состав, под овие услови, под бугарски диктат, уставни измени ќе нема“, истакна Мицкоски
Сепак, минатиот месец започна со работа Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија.
Видете и ова: Лога:Судскиот систем има двојни аршиниБеа избрани членовите на групата, претседателот и заменик-претседателот. За претседател е Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.
Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. По изготвувањето предлогот, тој ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание.