Шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Србија, Емануеле Зофре денеска изјави дека бројните манифестации во Србија по повод Денот на Европа, 9 мај, ќе бидат одложени за подоцна, поради трагичните настани во земјата.
„Утре (9 мај) ќе има мал настан во 11:00 часот на Калемегдан, каде што ќе имаме „цветен тепих“ што ќе го споделиме со сите. Тоа ќе биде свечен момент во трагичните околности“, рече тој за Радио телевизија на Србија и го повтори своето искрено сочувство по повод трагедиите во белградското училиште и во Младеновац.
Видете и ова: Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе оставкаЖофре рече дека не е време за бројни манифестации: концерт и традиционален дочек по повод 9 мај, Денот на Европа, воведен во знак на сеќавање на почетокот на создавањето на ЕУ и дека е одлучено тие да се одложат за подоцна.
„Ќе најдеме момент да ги одбележиме овие настани бидејќи е важно да се запамети дека овој мировен проект денес е исто толку важен како што беше тогаш“, рече Жофре.
„Во Европа докажавме дека земјите-членки се посилни заедно и Србија ќе биде заедно со ЕУ“, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија.
Осум деца и еден чувар беа убиени на 3 мај во вооружен напад на 13-годишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Шест ученици и еден наставник се ранети.
Во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, напаѓач уби осум лица, а рани 14 вечерта на 4 мај.