Воената команда на Киев соопшти дека во текот на ноќта на 8 мај соборила 35 самоубиствени беспилотни летала и 16 проектили користени за напад на украинска територија, додкеа украинското разузнавање предупреди за можноста од руски провокации по повод 9 мај, кога Москва го слави Денот на победата во Втората светска војна.
Генералштабот на украинските вооружени сили денеска соопшти дека „непријателот повторно ја нападнал територијата на Украина, користејќи ирански нападни беспилотни летала Шахед“, тврдејќи дека 35 од 35 беспилотни летала биле уништени од страна на украинските бранители.
Видете и ова: Русија го продолжува притисокот во источна УкраинаСе наведува дека цел на ракетните напади биле регионите на Харкив, Херсон, Миколајев и Одеса и дека нанеле човечки жртви.
На 7 мај, Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана предупреди на руски „провокации“ пред прославата на победата на Втората светска војна на 9 мај.
„Непријателот често избира симболични датуми за ова“, рече Андриј Јусов, претставник на разузнавачкото тело.
Украинските власти соопштија дека борбите се интензивирани во Бахмут, за кој украинските и руските сили се борат со месеци, како дел од напорите на Кремљ да го заземе источниот украински град до 9 мај.