Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ на Твитер објави дека ѝ ја врачил оставката на премиерката Ана Брнабиќ по масовното пукање во училиштето во Белград во кое загинаа осум ученици и еден чувар.
„На крајот од тридневната национална жалост, како одговорен и образован човек, професионалец во вршењето на сите досегашни јавни должности, како родител и граѓанин на Србија, ја донесов единствената рационална и чесна одлука во овие околности“, рече Ружиќ на 7 мај, мислејќи на пукањето што се случи на 3 мај.
Видете и ова: Три девојчиња сѐ уште се борат за живот по двете масовни убиства во СрбијаРужиќ, кој изрази сочувство до семејствата на жртвите, рече дека ќе ги носи драматичните слики од настаните од училиштето до крајот на својот живот.
Ружиќ е функционер на Социјалистичката партија на Србија, помалиот коалициски партнер на владејачката Српска напредна странка предводена од претседателот Александар Вучиќ.
Најавата додека Србија тагува за убиените во училиштето, но и за второто, одвоено масовно пукање кое се случи следниот ден, во кое загинаа уште осум лица и ги покрена повиците од опозицијата за оставки на владата.
Протестен марш е закажан за 8 мај во Белград