Сирија се враќа во Арапската лига

Илустрација, граѓанска војна во Сирија

Илустрација, граѓанска војна во Сирија

Министри за надворешни работи од Арапската лига усвоија одлука за враќање на Сирија во Арапската лига. Оваа одлука е донесена на 7 мај, по повеќе од една деценија откако нејзиното членство беше суспендирано, изјави портпаролот на Арапската лига Гамал Рошди.

На состанокот во Каиро, министрите за надворешни работи на Арапската лига одлучија за продолжување за учеството на Сирија на состаноците на организацијата кои почнуваат од недела, додаде Рошди, портпаролот на генералниот секретар на Арапската лига.

Видете и ова: САД: Нема нормализација на односите со Сирија

Сирија беше исклучена од 22-члената Арапска лига во 2011 година во знак на протест против употребата на прекумерна воена сила од страна на сириската влада за задушување на продемократско востание кое еволуираше во граѓанска војна во која според последните податоци од Обединетите Нации во изминатава деценија загинаа најмалку 350 илјади луѓе.