Ривалот на Ердоган вети крај на „авторитаризмот“

Предизборни политички митинзи на опозицискиот блок во Турција

Една недела пред најтесните избори во Турција во последните децении на 14 мај, се зголемуваат тензиите. Во последната недела зачестени се и политичките митинзи во пресрет на претседателките избори.

Опозицискиот блок од шест партии пред десетици илјади поддржувачи на митинг во Истанбул вети дека ќе ја замени авторитарната администрација преку демократски средства. Политичкиот ривал на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган кој е заеднички кандидат на опозицискиот блок Кемал Киличдароглу вети сериозни промени во турската внатрешна и надворешна политика пред вознемирената толпа во истанбулскиот кварт Малтепе на 6 мај.

„Промената на демократската влада во Турција ќе биде „подарок за светската политика“, рече Киличдароглу, за кого анкетите покажуваат маргинална предност пред актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган

Видете и ова: Може ли Турција во ЕУ ако падне Ердоган?

На 7 мај, Ердоган исто така треба да ги собере поддржувачите во Истанбул.

Со оглед на тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган слабее на многу анкети пред изборите во мај, неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу ветува дека ќе ги поправи заладените врски со западните сојузници на Турција.