Во Белград и во Смедерово во сабота на 6 мај се погребани десетте жртви на двете масовни убиства кои се случија во изминативе денови.
Покрај погребот на Драган Влаховиќ, обезбедувачот кој загина во нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, беа погребани и четири други жртви. Станува збор за 14 годишни деца кои беа жртви на нападот што го изврши 13 годишниот седмоодделенец.
Видете и ова: Во Белград е погребан чуварот на училиштето каде се случи масовно убиствоМасовното убиство се случи во утринските часови кога 13-годишен ученик откако пристигнал на училиште извадил пиштол од училишниот ранец испукал над 50 куршуми кон соученици. Како што соопшти полицијата по истрагата, прва жртва на неговиот напад бил училишниот чувар Драган Влаховиќ.
Заедно со семејството, на погребот присуствуваа голем број пријатели и студенти.
При нападот загинаа вкупно деветмина, а тешко беа ранети шест деца и една наставничка. Осомничениот малолетник беше уапсен во училишниот двор. Вишото јавно обвинителство му одреди мерка притвор од 30 дена на таткото на малолетникот кој е обвинет за тешки дела против безбедноста.
Видете и ова: Масовното убиство во Младеновац е тероризам, изјави Вучиќ, дел од ранетите се опоравуваатВо Србија е прогласена тридневна жалост поради двата одделни напади кои се случија во два последователни дена во близина на Белград.