Во Белград е погребан чуварот на училиштето каде се случи масовно убиство

Погреб на чуварот на училипштето „Владислав Рибник“, Драган Влаховиќ

Во саботата, на 6 мај, во Белград беше погребан Драган Влаховиќ, обезбедувачот кој заедно со осум ученици беше убиен во нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Влаховиќ е жртва на напад на 3 мај од малолетен ученик од седмо одделение на тоа училиште.

Масовното убиство се случи во утринските часови кога 13-годишен ученик откако пристигнал на училиште извадил пиштол од училишниот ранец и пукал. Како што соопшти полицијата по истрагата, прва жртва на неговиот напад бил училишниот чувар Драган Влаховиќ.

Заедно со семејството, на погребот присуствуваа голем број пријатели и студенти.

Видете и ова: Масовното убиство во Младеновац е тероризам, изјави Вучиќ, дел од ранетите се опоравуваат

При нападот во училиштето загинаа девет лица, а шест деца и еден наставник беа тешко ранети.

Осомничениот малолетник е уапсен во училишниот двор. Истиот ден е уапсен и неговиот татко, а по барање на Вишото јавно обвинителство му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Во Србија е во тек тридневна жалост поради двете масовни убиства што за два дена се случија во и во близина на Белград.