Одреден 30 дневен притвор за таткото на 13 годишниот напаѓач во Белград

Полиција пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар

Во Вишото јавно обвинителство во Белград беше сослушан таткото на малолетното момче кое на 3 мај уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. На барање на обвинителството му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Обвинителството соопшти дека во петокот на 5 мај бил сослушан татко на ученикот од седмо одделение и дека било оценето дека осомничениот В.К. е обвинет за „тешки дела против општата безбедност“.

Видете и ова: Масовното убиство во Младеновац е тероризам, изјави Вучиќ, дел од ранетите се опоравуваат

„Обвинителството му предложи на судијата на осомничениот да му се одреди мерка притвор за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори делото за краток временски период и поради вознемиреност на јавноста“, се вели во соопштението.

Во него е наведено дека таткото „на рочиштето го негирал извршувањето на делото“ и дека „детално ја изнесе својата одбрана“.

„Постои сомневање дека В.К. го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цели со огнено оружје, и покрај тоа што има 13 години и таквата активност и обука очигледно не се соодветни за неговата возраст“, пишува во соопштението на Обвинителството.

Видете и ова: Двајца ученици и професорка од Белград се опоравуваат, додека девојчето е во тешка состојба


Осомничениот ученик по пристигнувањето во училиште извадил пиштол од чантата и пукал во обезбедувањето, а потоа и во учениците и професорката по историја, соопшти МВР на 3 мај.

По апсењето, полицијата соопшти дека ученикот во нападот употребил два пиштола и дека оружјето го украл од татко му.

Видете и ова: Најмасовните убиства во училишта и градинки во Европа


Веднаш по трагичниот настан уапсен е и таткото. Министерот за полиција Братислав Гашиќ рече дека и двата пиштоли имале законски дозволи.