Британската полиција во сабота на 6 мај уапси водечките членови на антимонархиската група „Република“ додека се подготвуваа да протестираат по патеката на поворката за крунисувањето на кралот Чарлс Трети. Од организацијата „Република“ тврдат дека се приведени на уште не почнат протест.
„Уапсија шест наши организатори и запленија стотици плакати, не ни кажаа зошто ги уапсија или каде ги спроведоа “, изјави активист на Републиката за новинската агенција Франс прес на лондонскиот плоштад.
Главниот извршен директор на организацијата „Република“ Греам Смит беше еден од уапсените, пред тој заедно со неговата група да има шанса да мавта со плакати на кои пишуваше: „Не е мојот крал“.
Дел од набљудувачите на настанот во близина извикуваа „ослободете го Греам Смит“, но други извикуваа „Боже спаси го кралот“ и вееја знамиња на Обединетото Кралство, јавува новинската агенција Франс Прес.
Минатата недела водачот на организацијата „Република “ изјави дека Смит имаат планови на протести но не и да ја нарушат вистинската поворка.
„Мавтањето со плакати и викањето би покажало „пред светскиот печат дека ние не сме земја на лојалисти, дека има растечка опозиција“, рече основачот на Републиката.
Во соопштението на лондонската полиција е наведена потврда за седум апсења рано во саботата „под сомневање за прекршоци, вклучително и нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност во близина на крунисувањето“.
Чарлс Трети ќе биде крунисан за крал на 6 мај на најголемиот церемонијален настан во Велика Британија во последните седум децении.