Чарлс Трети ќе биде крунисан за крал на 6 мај на најголемиот церемонијален настан во Велика Британија во последните седум децении.
За време на церемонијата, кралот Чарлс III ќе биде крунисан заедно со Камила, сопругата на кралицата. Самата церемонија треба да започне во 11 часот, а кратко пред тоа се очекува кралската поворка да пристигне во Вестминстерската опатија, пишува Би-би-си.
Чарлс ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета, откако таа почина во септември минатата година на 96 годишна возраст. Таа владеешее 70 години. Кралот Чарс ќе стане најстариот британски монарх на кој ќе му биде поставена круната на Свети Едвард на глава, која е 360 години. Тој седнува на престолот на 73 годишна возраст. Крунисувањето ќе се одвива во лондонската Вестминстерска опатија.
Видете и ова: Повеќе од 250.000 луѓе поминаа покрај ковчегот со телото на Елизабета ВтораМеѓу гостите ќе бидат и наследникот на кралот Чарлс, принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт, како и нивните три деца Џорџ, Шарлот и Луис.
Принцот Хари, војводата од Сасекс потврди дека ќе отпатува од САД за крунисувањето, но неговата сопруга, војвотката од Сасекс, нема да присуствува.
Настанот ќе биде и прво јавно појавување на принцот Хари со кралското семејство по објавувањето на неговите контроверзни мемоари во јануари.
Покрај кралското семејство, меѓу гостите се и премиерот, претставници на парламентот, шефови на држави и други членови на кралското семејство од целиот свет.
Американскиот претседател Џо Бајден нема да присуствува на настанот, но во негово име ќе оди првата дама Џил Бајден.
На церемонијата ќе присуствува и македонскиот претседател Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска,
На церемонијата на крунисување најавени се повеќе од 2.200 гости меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство.