Од Груби до Пригожин
ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на коронавирус, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.
„Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен“, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба.
СРБИЈА - Србија не се усогласи со одлуките на Советот на Европската унија (ЕУ) за нови рестриктивни мерки против Иран и Сирија, соопштија на 5 мај од седиштето на ЕУ во Брисел.
МАКЕДОНИЈА - Со електронска адреса на која ќе се пријавува врсничко насилство, домашните институции ќе спречуваат вакви и слични појави. По последните трагични настани во соседна Србија, министерот за образование, Јетон Шаќири денеска изјави дека е вклучен црвениот аларм кај институциите. Тој најави дека наредните денови ќе има и други мерки, кои засега само се дискутираат.
МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Европско знаменце на предлог закони за изградба на автопатиштата од „Бехтел и Енка“ не е оправдано и нема врска со реформската агенда за ЕУ, реагираат од Делегацијата на Европската Унија во земјава, откако Владата денеска предложи со европско знаменце во Собранието да се носат измените на законите потребни за побрза и поевтина изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 д.
МАКЕДОНИЈА - Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби договорот со „Бехтел и Енка“ по еден месец и една недела по отворањето предмет за автопатиштата. Од таму посочуваат дека договорот го добиле вчера.
СУДАН - Обединетите нации (ОН) предупредија дека голем број деца се убиени во конфликтот во Судан, посочувајќи на извештаите дека седум деца се убиени или ранети секој час во североисточна африканска држава.
РУСИЈА - Сопственикот и водач на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут на 10 мај. Пригожин објави видео во кое ги обвини највисоките руски воени претставници за загубите што ги претрпеа неговите борци во Украина, објави Ројтерс.
СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека масовното убиство кај Белград е терористички чин. Тој изрази сочувство во негово име и членови на Владата на Србија за масовното убиство во околината на Младеновац, кај Белград.