Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека масовното убиство кај Белград е терористички чин. Тој изрази сочувство во негово име и членови на Владата на Србија за масовното убиство во околината на Младеновац, кај Белград.
„Вчерашниот напад беше терористички напад, акт во кој нашите специјални антитерористички единици имаа задача да уапсат или неутрализираат терорист“, рече Вучиќ.
На 5 мај полицијата уапси осомничен за нападот во кој беа убиени најмалку осум, а беа ранети 14 лица.
Видете и ова: Најмалку 8 жртви во пукањето во Младеновац кај БелградПрестрелката се случила доцна вечерта на 4 мај во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин кај Младеновац, а следува ден по повеќекратното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во кое 13-годишник уби девет, а рани седум ученици и вработени.
Претседателот на Србија најави нови мерки како вработување на 1.200 училишни полицајци.
„Имаме 331 училиште во Белград, а во нив ќе седат 331 училишен полицаец“, рече тој.
Тој најави и дека секој што има оружје, што според него е околу 400.000 луѓе, ќе биде подложен на ревизија. Тоа како што додаде нема да важи за ловечкото оружје.