Нов напад со дрон врз рафинеријата за нафта Илски во јужна Русија, втор во последните два дена, предизвикал пожар, објави новинската агенција ТАСС на 5 мај, повикувајќи се на службите за итни случаи.
И руската новинска агенција РИА Новости објави дека нема жртви и дека пожарот е изгаснат. Засега не е јасно кој стои зад инцидентот.
Пред два дена исто така беа пријавени пожар, штетни експлозии на железницата и напад со беспилотно летало насочен кон воен аеродром во два руски региони блиску до Украина, Краснодар и Брајанск.
Во меѓувреме Русија во текот на ноќта го гранатираше јужниот украински град Никопол, соопштија регионалните власти на 5 мај, додека борбите се интензивираа во Бахмут, градот во областа Донецк.
„Силниот артилериски оган уништи цивилна и енергетска инфраструктура во Никопол, изјави шефот на регионалниот совет на Дњепропетровск, Микола Лукашук.
Видете и ова: Москва тврди дека спречила напад со украинско беспилотно летало врз КремљРусија ги засили нападите врз јужна Украина во последните денови и тие се насочени претежно на ослободените области во регионот Херсон. Најмалку 23 цивили беа убиени од гранатирање оваа недела.
На бојното поле во Бахмут, украинските бранители одбија 60 руски напади во изминатите 24 часа, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот дневен извештај на 5 мај.
Жестоки борби беа забележани и во Маринка, во близина на Бахмут, каде руските сили се обидоа да ги подобрат своите тактички позиции, соопшти Генералштабот.
Доцна синоќа, алармите за воздушен напад се огласија во Киев поради сомнителен напад со беспилотно летало, но украинските воздухопловни сили подоцна соопштија дека авионот што го предизвикал алармот бил еден од нив. Дронот изгубил контрола за време на планираниот лет во регионот на Киев и бил соборен, соопштја воздухопловните сили.