. Најмалку осум лица загинаа во престрелки во неколку села во близина на Белград
. Четиринаесет лица се ранети
. Осомничениот бил уапсен изутрината на 5 мај
. На терен се голем број полициски единици
. Надлежните ги повикаа граѓаните да даруваат крв во Заводот за трансфузија на крв
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија по опсежна потера, уапсен е осомничениот кој е идентификуван како У.Б. (2002).
Се додава дека во престрелката се ранети 14 лица.
МУП соопшти дека осомничениот бил уапсен во близина на Крагуевац во централна Србија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Престрелката се случила доцна вечерта на 4 мај во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин кај Младеновац.
Полицијата се уште не го соопштува мотивот за нападот.
Од МУП на Србија соопштија дека сите повредени се згрижени во болници.
„Полицијата продолжува со натамошната работа за расветлување на сите факти и околности на овој настан“, се додава во соопштението.
Инаку, тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник во училиште во Белград. Во Србија е прогласена тридневна жалост а настанот го потресе целиот регион.