Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата во основното училиште во Белград.
„Ние сме со народот на Србија во нашите мисли“, објави Блинкен на Твитер доцна синоќа, 3 мај.
„Ние им се придружуваме на другите ширум светот во изразувањето на нашето најдлабоко сочувство на семејствата и најблиските на невините жртви на бесмислено насилство“, додаде Блинкен.
Бројни регионални, европски и други странски претставници го изразија својот шок од трагичниот настан во Белград и упатија сочувство до семејствата на жртвите.
Видете и ова: Србија жали за жртвите од нападот во училиштетоКосовскиот премиер Албин Курти изрази сочувство до семејствата на жртвите од пукањето во основното училиште во Белград.
„Би сакал да изразам длабоко сочувство до жртвите од пукањето во училиште во Белград и нивните семејства. Им посакувам многу брзо закрепнување на повредените во овој трагичен настан“, напиша Курти на Твитер.
Осум деца и еден чувар загинаа во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник се повредени, а напаѓачот е уапсен.
Пет од нив се стабилни, едно дете е критично, но подобро, додека едно дете е во критична состојба и е витално загрозено, изјавија на 4 мај директорите на здравствените установи каде се сместени повредените.
Министерството за внатрешни работи (МВП) на Србија најави опсежни проверки на сите сопственици на оружје, еден ден откако 13-годишник застрела осум ученици и чувар во училиштето на неговиот татко во Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денот на нападот објави предлог мерки со кои, меѓу другото, се предвидува и воведување мораториум за издавање дозволи за секое оружје освен за ловечко оружје.