Министерството за внатрешни работи на Србија најави опсежни проверки на сите сопственици на оружје, еден ден откако 13-годишник со оружје од татко му застрела осум ученици и чувар во училиштет во Белград.
Во соопштението на 4 мај, Министерството за внатрешни работи најави увид, „со цел да се утврди дали оружјето се чува согласно важечките прописи, одвоено од муниција и затворено во соодветни ормари, кабинети и сефови“.
„Ако при контролата на сопствениците на оружје се констатира дека оружјето е несовесно складирано и може да дојде во сопственост на неовластени лица и да ја загрози безбедноста на луѓето, ќе им биде одземено оружјето и ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за оружје и муниција“, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Видете и ова: Ученик во училиште во Белград убил 8 ученици и еден обезбедувачМинистерството ги повика сите сопственици на оружје совесно да го чуваат оружјето за да биде недостапно за неовластени лица, особено за деца“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денот на нападот објави предлог мерки со кои, меѓу другото, се предвидува и воведување мораториум за издавање дозволи за секое оружје освен за ловечко оружје.
Тринаесетгодишникот што го изврши нападот во училиштето во Белград внел пиштол калибар 9 милиметри со три рамки, малокалибарски пиштол и четири молотови коктели.
Тој во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај уби осум ученици и човек кој работел како обезбедување. Тешко повредени се уште шест ученици и една наставничка.