Зеленски најави контраофанзива против Русија

ФИНСКА - Претседателот на Украина Володимир Зеленскиј и претседателот на Финска Саули Ниинисто присуствуваат на прес-конференција во Хелсинки, Финска на 3 мај,

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја наскоро ќе започне контраофанзива против руските сили и дека е сигурен дека Западот потоа ќе му обезбеди на Киев модерни воени авиони.

Зборувајќи на прес-конференција во Финска, најновата членка на НАТО, Зеленски рече дека една од причините зошто дошол во Хелсинки е тоа што Киев сака да стане полноправна членка на Алијансата.

Зеленски наведе претходни примери на успех на бојното поле.

„Затоа сигурен сум дека наскоро ќе имаме авиони. Затоа што наскоро ќе спроведеме офанзива, а потоа сигурен сум дека ќе добиеме авиони. Би сакал обратно, бидејќи би биди полесен за нас, но така е и ние сме благодарни на се“, рече тој.

„Ни требаат. Навистина ни требаат“, рече Зеленски, мислејќи на авионите на западните сојузници.

Видете и ова: Столтенберг ја повтори поддршката за Украина во НАТО

Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави дека Финска не може да ги донира своите борбени авиони од американско производство, бидејќи тие се стари, а неколку други земји во Европа имаат слични модели, па затоа нема смисла да се изгради синџир за услуги.

„Но, ни се допаѓаат вашите авиони, само да знаете, господине претседателе“, рече Зеленски.

Посетата на украинскиот претседател на Финска, едно од само неколкуте патувања во странство од почетокот на руската инвазија минатата година, беше најавена дури откако тој пристигна во Хелсинки во услови на засилени безбедносни мерки.

Тој го повтори ставот дека Украина сака да се приклучи на НАТО, чијшто Финска стана 31-ва членка минатиот месец како директен одговор на руската инвазија.

„Денеска ни требаат безбедносни гаранции, додека не сме во НАТО“, рече Зеленски.

Видете и ова: Украина тврди дека открива кинески делови во руското оружје


„Во секој случај, нашата цел е да имаме полноправно членство во Алијансата. Тоа е една од причините зошто сум овде денес. Втората причина, или да бидам искрен, приоритет е да ја зајакнеме нашата армија“, рече тој.

Зеленски имаше билатерални разговори со Ниинисто пред почетокот на регионалниот самит на кој присуствуваа премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд.

Стотици луѓе се собраа во центарот на Хелсинки за да го видат пристигнувањето на Зеленски. Портпаролот на Зеленски во изјавата рече дека украинската влада очекува самитот да резултира со заедничка изјава.

Кремљ на 4 април соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО е опасна историска грешка што ќе ја ослаби безбедноста во поширокиот регион и ќе ја принуди Москва да преземе контрамерки.

„Додека ги разгледуваме плановите на НАТО за Финска, потврдуваме дека Русија ќе биде принудена да возврати, и воено и на други начини, за да ги задржи заканите за нашата национална безбедност“, изјави во средата портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.