Турска пејачка доби условна казна поради шега за верските училишта

Турската поп пејачка Ѓулсен

Судот во Истанбул одреди 10-месечна условна казна на турската поп пејачка Ѓулсен, откако ја осуди за „поттикнување омраза и непријателство“ поради шега за турските верски училишта.

Кантавторката минатата година беше накратко затворена поради шега што ја направи на концерт, кога рече дека еден од нејзините музичари е „перверзник“ затоа што посетувал верско училиште.

Четириесетгодишната пејачка, чие име е Ѓулсен Чолаколу, беше затворена пет дена, а подоцна помина 15 дена во домашен притвор и покрај тоа што се извини за нејзините зборови.

Видете и ова: Турските сили убиле осомничен лидер на Исламска држава во Сирија

Ѓулсен остро ги отфрли обвинувањата дека имала за цел „поттикнување омраза“, наведувајќи дека нејзиниот коментар „бил шега меѓу две лица“.

Во своја одбрана таа рече дека се задевала со член на бендот чиј прекар е „Имам“, а тој не посетувал верско училиште.

Пејачката и претходно стана мета на исламските кругови поради нејзината раскошна сценска облека и развиорувањето на ЛГБТИ знамето на концерт.