Зеленски во Финска на самитот на нордиските лидери

Украина – Украинскиот претседател Володимир Зеленски. Киев, 2 мај 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во главниот град на Финска, Хелсинки, на еднодневен нордиски самит.

Зеленски се очекува да се сретне со четворицата нордиски премиери кои се собираат во резиденцијата на финскиот претседател Саули Ниинисто. Тие ќе разговараат за нивната поддршка за Украина.

Нордиските земји - Финска, Шведска, Норвешка, Данска и Исланд - главно застанаа на страната на Украина по руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Видете и ова: Нова серија руски напади низ Украина

На средбата во финската претседателска палата во Хелсинки присуствуваат шведскиот премиер Улф Кристерсон, норвежанецот Јонас Гар Сторе, данската премиерка Мете Фредериксен, исландската Катрин Јакобсдотир и финскиот претседател Ниинисто.

Ниинисто рече дека на самитот ќе се разговара за руската агресија врз Украина, континуираната поддршка на нордиските земји на Киев, развојот на односите на Украина со Европската унија и НАТО и украинската мировна иницијатива.

„Постои итна потреба од воена поддршка за да се осигура дека Украинците се што е можно посилни во борбата против Русија“, рече данскиот премиер Фредериксен.