Ученик од седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград пукал во обезбедувањето и учениците, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Притоа, убил 8-мина ученици и лицето за обезбедување. 6 ученици и еден анставник биле ранети.
„Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, пукал од пиштолот на неговиот татко, велат од Министерството.
Полицијата ги утврдува сите факти и околности поврзани со овој настан, соопшти Министерството.
Констатирано е и дека полицијата по добиена пријава ги испратила сите расположливи патроли и веднаш излегла на терен. Околу училиштето се распоредени полициски сили. Делницата од патот околу училиштето е блокирана за повредените да бидат пренесени во Ургентниот центар.