15 дена живот во стаклена кутија за помош на младите зависници
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бугарскиот ултрамаратонец во трчање, Краси Георгиев, го прифатил предизвикот да живее 15 дена во кутија со стаклени ѕидови, лоцирана во парк во Софија. Сака да собере пари за помош на млади зависници. Тој е и мотивациски говорник, но и хуманитарен амбасадор. Има истрчано околу 30 ултрамаратони ширум светот, од Арктикот до Камбоџа, како и трка на 217 киломтери во калифорниската „Долина на смртта“.