Османи до Кулеба - Македонија поддржува Специјален суд за злосторства во Украина

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи на 2 мај телефонски разговараше со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Северна Македонија одлучи да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

Ваква порака му пренел министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи на шефот на дипломатијата на Украина Дмитро Кулеба.

Тие денеска имале телефонски разговор.

„Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, нагласил Османи, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Видете и ова: САД поддржуваат специјален суд за злосторствата во Украина

Во соопштението се наведува дека Османи ја реафирмирал цврстата и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија.
Тој истакнал дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.
Османи у Кулеба тазговарале и за активностите во рамки на претседавањето на Северна Македонија ОБСЕ, како и за актуелните безбедносни состојби во Украина и европскиот континент.

По руската агресија на Украина минатата година, Македонија се приклучи на земјите што ја осудија и што воведоа санкции за Русија.