Синдикатите во Франција најавија дека ќе го искористат Први мај, Меѓународниот ден на работниците, за да мобилизираат повеќе протести против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, која сега е усвоена.
Властите очекуваат вкупно околу 500.000 до 650.000 учесници на вкупно повеќе од 300 митинзи низ земјата во понеделник.
Владините претставници сметаат дека пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање се зголемува на 64 од 62 години, е завршена работа.
Видете и ова: Протести низ Франција против новиот пензиски законСепак, синдикатите и некои членови на опозицијата не се откажаа од борбата и сакаат да го спречат спроведувањето на законот кој стапува на сила на 1-ви септември. Штрајковите веќе беа во тек и за време на продолжениот викенд, па дури и го прекинаа воздушниот сообраќај во Франција.
Само во Париз се очекуваа да излезат најмалку 100.000 демонстранти овој понеделник, додека полицијата се подготвува за немири.
Беспилотните летала се очекуваа да бидат употребени за прв пат во Париз и во другите поголеми градови за следење на протестите. Во последните години меѓу 100.000 и 160.000 луѓе се собраа на национално ниво на првомајските собири во Франција. Последните национални протести против пензиската реформа се одржаа пред две недели, откако Макрон официјално го потпиша законот.