Русија ги засили нападите кон Украина

По руските напади врз Павлорад.

Русија во синоќешните напади ја погоди Украина со 18 проектили, а украинската воздушна одбрана тврди дека ги соборила речиси сите.

Обемот на жртвите и штетите од нападот на Први мај, во кој се слушаа сирени за воздушен напад повеќе од три часа, не беа веднаш јасни.

Градските власти на Киев соопштија дека сите проектили кои биле насочени кон главниот град биле уништени.

„Според првичните информации, не се забележани жртви меѓу цивилното население и нема уништување на станбени објекти или инфраструктура“, соопшти градската управа.

Експлозии беа пријавени и во регионите Харков, Дњепропетровск и Суми. Во регионот Дњепропетровск во Павлохрад, пред полноќ беше погодена индустриска локација во очигледен ракетен напад, заедно со неколку други локации. Пламенот од местото го осветлуваше ноќното небо со часови.

Видете и ова: Павел: На самитот во Вилнус Украина нема да добие покана за НАТО

Шефот на регионалната администрација Серхи Лисак изјави дека во нападот на Павлорад се повредени 25 лица, меѓу кои три деца, а од единиците за противвоздушна одбрана биле соборени седум ракети.

„Во станбена зона оштетени се 19 високи згради, 25 приватни куќи, шест образовни институции и пет продавници; скоро 40 станбени згради“,изјави Лисак.

Во последниве денови, имаше пораст на воздушни напади и други експлозии во Украина, како и во регионите на Украина окупирани од Русија, вклучително и во складиште за гориво на полуостровот во Црното Море Крим.

Некои украински власти навестија дека новите експлозии може да се поврзани со широкоочекуваната контраофанзива.

„Оваа работа е подготвителна за големата офанзива што сите ја очекуваат“, рече Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, во коментарот објавен од новинската агенција УНИАН.

Шефот на военото разузнавање на Украина, Кирило Буданов, на 30 април рече дека подготовката за контраофанзива „се одвива според планот“. Тој не даде детали.