Уставните измени во Узбекистан поминаа на референдум

Референдум во Узбекистан , 30 април 2023 година Ташкент

Узбекистан на референдумот во неделата усвои пакет уставни амандмани со 90,21 отсто од гласовите, соопшти во понеделникот Централната изборна комисија, повикувајќи се на прелиминарни податоци.

Узбекистанските власти рекоа дека гласачите ги одобрија уставните амандмани кои ќе му овозможат на претседателот Шавкат Мирзијоев да остане на функцијата до 2040 година.

Централната изборна комисија на 1 мај соопшти дека измените биле одобрени со 90,2 отсто од гласовите.

Видете и ова: Узбекистанците гласаат на референдум за уставни промени

Мирзијоев, кој го наследи починатиот долгогодишен лидер Ислам Каримов во 2016 година, презеде реформи за модернизирање на бирократијата и економијата на земјата. Но, активистите велат дека сè уште нема одржлива политичка опозиција, а независните медиуми се строго ограничени.

Властите ги наведоа промените како начин за подобрување на владеењето во строго контролираната нација. Официјалните лица силно го промовираа гласањето, одржувајќи концерти и митинзи за промовирање на реформите.