Поради здравствени предизвици Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, денес си поднесе оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и Зеленило“. Реџепи за оставката информираше преку социјалните мрежи.
„И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа“, напиша Реџепи на својот фејбук профил.
Видете и ова: Неуспешниот партиски пазар на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓанитеРеџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по недоразбирањата со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Во септември лани претпријатијата Дрисла, Градски Паркинг и Водовод останаа без директори, а разрешен беше и Генералниот секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски. Разрешените директори на скопските претпријатија беа кадар од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска на локалните избори настапи како независен кандидат, но со поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.