Петнаесет патници од Србија биле повредени утрово околу 5 часот кога автобус со српски туристи се превртел на автопатот 53 во Унгарија. Во возилото имало 55 патници и двајца возачи.
Дванаесет патници се пренесени во болница, а на тројца им била укажана помош на лице место. Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница.
Ненад Ќелиќ, сопственикот на компанијата чиј автобус се преврте за Нова.рс, изјави дека во автобусот имало 55 патници и сите се српски државјани од Белград и Нови Сад.
На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел. Aвтобусот завршил во грмушките покрај патот, целосно превртен на страна.
Несреќата се случила околу 3 часот и 30 минути, а туристичкиот автобус бил на пат кон Будимпешта. Патниците кои не се повредени од Брза помош и полиција биле пренесени на привремено сместување.