Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил изрази очекување дека на 2 мај во Брисел, на средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со посредство на ЕУ, интензивно ќе се разговара за Заедницата на српски општини (ЗСО) и дека крајот на ова прашање е блиску.
„Србите го чекаа ова долго време, но стигнавме до точка каде што тоа ќе стане многу реално“, изјави Хил за ТВ Пинк, додавајќи дека САД веруваат дека ЗСО е клучот за постигнување на нормализација на односите.
Видете и ова: Лајчак – Ако нема Заедница на српски општини, нема ни договор Белград - ПриштинаТој рече дека иако постојат тензии во воздухот, постои и чувство дека ова прашање е важно. На прашањето од што во разговорите ќе биде задоволен Вашингтон, Хил рече дека ќе бидат задоволни со формирањето на ЗСО и од тоа да се одредат датумите.
„Штом ќе заврши прашањето за ЗСО, ќе видиме напредок во другите аспекти на нормализацијата“, рече Хил, порачувајќи дека сите мора да бидат мирни.
Запрашан за ставот на Србија за визната либерализација за Косово како награда, Хил рече дека визната либерализација е одвоен процес, како и кандидатурата за членство во Советот на Европа, но дека ги разбира Србите зошто така се чувствуваат.