Украина го поздрави договорот на ЕУ за одржување на протокот на извоз на украински земјоделски производи во земјите од ЕУ и оттаму на светскиот пазар, наведувајќи дека Блискиот Исток и Африка ќе имаат корист од тоа.
ЕУ доцна синоќа дозволи пет источноевропски земји привремено да забранат влез на земјоделски производи од Украина, за кои се смета дека го нарушиле нивниот пазар, додека на сите останати им е дозволен транзит.
Со тоа заврши штетниот спор во Унијата за дестабилизирачко акумулирање на украински земјоделски производи во соседните земји на Украина, а со тоа ЕУ го задржа единствениот став против руската инвазија.
„Го поздравуваме фактот што го решивме ова прашање“, рече украинскиот министер за финансии Серхи Марченко на состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Стокхолм.
Според овој договор, Полска, Унгарија, Словачка, Бугарија и Романија можат да спречат влез на четири производи кои сочинуваат најголем дел од извозот од Украина на нивните пазари, но мора да гарантираат непречен пристап до други производи.
Видете и ова: Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка бараат ограничен увоз од УкранаОд почетокот на руската инвазија на Украина, испораките на украинските земјоделски производи преку Црното Море се нарушени, а нивното усмерување низ земјите на ЕУ е важно за испраќање на потребните житарки во светот.
„Сметаме дека тоа е мудра одлука која ќе и овозможи на Украина да ги извезува неопходните прехранбени производи во африканските земји, што е многу важно за нив“, рече Марченко, додавајќи дека од тоа ќе имаат корист и земјите од Блискиот Исток.
Според договорот, ЕУ ќе прифати забрана за четири од петте главни производи - жито, пченка, сончоглед и семе од репка, кои претставуваат најголем дел од увозот. ЕУ, исто така, ќе процени дали други производи, вклучително и сончогледово масло, треба да бидат вклучени во забраната.