Бродот "Океан Вајкинг" на невладината организација СОС Медитеран спасила 153 мигранти во централниот дел на Медитеранот во три одделни операции во зоната за пребарување на Малта, соопшти денеска невладината организација.
Акциите за пребарување и спасување беа извршени вчера во соработка со италијанските поморски власти, соопшти Европската асоцијација за спасување на море со седиште во Марсеј, Франција, потсетувајќи дека организацијата СОС Медитеран со години бара таква координација.
Спасувањето било иницирано по дојава преку телефонската линија „Alarm Phone“, телефонска линија за луѓе во потешкотии во морето управувана од невладина организација. Во операциите биле спасени 59 лица.
Видете и ова: Брод со мигранти потонал во Средоземното мореСпоред извештаите спасените мигранти биле на море пет дена, некои без вода и храна. Тие биле исцрпени и многу дехидрирани, соопшти организацијата СОС Медитеран.
Со 15 спасени мигранти од четвртокот, бродот Океан Вајкинг сега плови со вкупно 168 мигранти, меѓу кои седум жени, четири деца и околу 20 малолетници без придружба, до безбедното пристаниште Civitavecchia, одредено од италијанските власти, на оддалеченост од 942 километри, или околу три дена пловење.
Иако во зоната за пребарување на Малта се одвиваат бројни спасувања, локалните власти не одговараат на повиците за помош на невладините организации за помош на мигрантите, а на крајот италијанските власти им одредуваат безбедно пристаниште.
Сепак, неколку меѓународни невладини организации на почетокот на јануари ја осудија практиката на Италија да назначува многу оддалечени пристаништа за организациите кои спасуваат мигранти на море, бидејќи на тој начин се губи многу време и се намалува нивниот капацитет за давање помош.