Рускиот претседател Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја.
За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига.
Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.
Видете и ова: Путин ја легализираше депортацијата од анектираните украински територииВо Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.
Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години.