На Русија и беше наложено да и плати околу 130 милиони евра (143 милиони долари) компензација на Грузија речиси 15 години по војната во Јужен Кавказ, објави Европскиот суд за човекови права на 28 април.
Наредбата следи по пресудата на судот во 2021 , кога судиите утврдија дека Русија е одговорна за „нехумани“ дејствија против грузиските граѓани по завршувањето на борбите, кои траеја од 9 август до 12 август 2008 година.
Видете и ова: Грузискиот парламент го отфрли контроверзниот закон за „странски агенти“Грузија ја изгуби контролата врз своите отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија во војна против Русија. Судот заклучи дека Русија не може да биде одговорна за кршење на човековите права за време на петдневната војна.