Кривични пријави против три физички и три правни лица за даночно затајување

Илустрација

По спроведените контроли на Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, УЈП и МВР во врска со спроведувањето на одлуките на Владата за утврдување на најниски цени за одделни земјоделски производи, биле констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција. Оттаму соопштија дека поднеле три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 01.01.2023 година до 25.04.2023 година, значителен дел од набавената трговска стока (прехрамбени производи) евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на додадена вредност по даночна стапка од 5% во износ од 5.636.379 денари и Данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари“, објави финаниска полиција.

Видете и ова: Замрзнати цени, одмрзнати гласови

На овој начин пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 18.161.097 денари или 300.000 евра.

Дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат
известени надлежните Јавни обвинителства.