Пратенички прашања - жестока дебата за договорот со Бехтел и Енка

Собрание на Република Северна Македонија.

Жестока дискусија на седницата за пратенички прањаша во Собранието, каде главна тема е договорот што Владата го потпиша со конзорциумот „Бехтел и Енка“, за изградба на коридорите 8 и 10д.

Опозицијата смета дека изградбата на коридорите според договорот е многу скапа, но се сомнева и во корупција и криминал. Според власта, пак, изградбата на коридорите 8 и 10д е стратешки интерес за државата, со кој земјата ќе се поврзе со соседните земји.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска го праша премиерот Димитар Ковачевски какви ќе бидат последиците од договорот по државата доколку измените на Законот за експропријација не се донесат во предложената форма во Собранието, со кои како што рече, по експропријацијата одземениот имот веднаш се доделува во владение на компанијата.

Ковачевски одговори дека вакви одредби имало и во сегашното законско решение. Тој реле дека немало ништо тајно во договорите, бидејќи процесот траел две години. Во однос на транспарентноста, Ковачевски рече дека документот поседува клаузули на доверливост и приватност, како и секој друг потпишан со ЕБОР и со други изведувачи, а се однесува на технолошките процеси.

„Сите клучни точки и елементи се достапни на јавноста и никогаш не биле тајна - вредноста на Договорот, начинот на реализација на проектот и трошењето на парите на граѓаните“, рече Ковачевски.

Видете и ова: Бизнисмените бараат поголем дел од колачот од автопатите на Бехтел и Енка

ВМРО-ДПМНЕ исто така тврди дека за неколку дена државата ќе треба да плати 53 милиони евра и дека 70 одсто од ангажираните работници ќе бидат странци.

Ковачевски рече економските придобивки од изградбата на коридорите ќе бидат 8000 нови работни места и нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на бруто домашниот производ од два проценти на годишно ниво во наредните пет години и изградба на 110 километри нови автопатишта.

Пратеникот Стојаноски рече дека со законските измени се додава нов став, со кој за изградба на стратешки инфраструкТемата за автопатиштата е актуелна во последните месеци.

Видете и ова: Груби- Ако се проневери и еден денар, ние политичарите да скапеме во затвор

Овој проект иако од самиот почеток го следат контроверзии, Владата и Бехтел и Енка го потпишаa договорот, по што опозицијата, медиуми, антикорупциска, синдикатите и дел експерти отворија многу дилеми за можна корупција, криминал, а негодуваат и што се менуваат низа закони по брза постапка и се отвора можноста за, како што велат, експлоатација на работници.

Четирите автопатски делници – три од коридорот 8 - проширување на автопатот Тетово – Гостивар со по уште една лента, па автопат од Гостивар до Букојчани и автопат Струга – Ќафасан, како и дел од коридорот 10, односно автопат од Прилеп до Битола, ќе чинат 1,3 милијарди евра.

Претставници на институциите брифираа дека за експропријација на земјиште се предвидени дополнителни 238 милиони евра од буџетот, кои не влегуваат во оние 1,3 милијарди евра.

Предвидено е автопатите да бидат изградени за 4 години и 7 месеци. Во пракса, фирмата треба „во од“ да прави проект за изградба и паралелно да работи на терен на 4 делници за кои ќе треба да експроприра земјиште од кое 55 проценти е во приватна сопственост.