Обвинителството побара од судот во Уфа, главниот град на руската област Башкортостан, да ја осуди на 12 години затвор Лилија Чанишева - поранешната шефица на тимот на опозицискиот политичар Алексеј Навални .
Адвокатот на Чанишева, Рамил Гизатулин, рече дека на 26 април обвинителот исто така побарал од Окружниот суд Киров да ја казни Чанишева со 700.000 рубли (8.550 долари).
Обвинителот бара пет години затвор и за сообвинетиот на Чанишeva, Рустем Муљуков.
41-годишната Чанишева беше уапсена во ноември 2022 година, а подоцна беше обвинета за организирање екстремистичка заедница, јавни повици за екстремистички активности и пропагирање на активности на некомерцијална организација која ја нарушува приватноста и правата на граѓаните.
Судењето на Чанишева започна на 1 март кога судијата Азамат Бикчурин го прифати барањето на обвинителот постапката да се води зад затворени врати.
Видете и ова: Навални вели дека против него е отворен нов случај за тероризамЧанишева ја предводеше локалната единица на мрежата на регионални предизборни групи на Навални, се додека неговиот тим не ги распушти откако московскиот обвинител излезе на суд и ги прогласи за „екстремисти“.
Барањето беше прифатено, со што групата практично беше забранета.
Одбраната на Чанишева тогаш објави дека нејзиното апсење е прво откако движењето било забрането. Обвиненијата се чини дека се ретроактивни, бидејќи организацијата за која таа работеше беше распуштена пред да биде законски класифициран како екстремистичка.
Видете и ова: Кина и Русија споделувале тактики за цензура на интернетотАмнести интернешенел ги повика руските власти „веднаш да ја ослободат Чанишева“, инсистирајќи дека обвиненијата за екстремизам се „лажни“ и треба да бидат отфрлени.
Самиот Навални е во затвор од февруари 2021 година, откако беше уапсен еден месец претходно по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од речиси фатално труење со нервен агенс од типот Новичок, за кој вели дека го наредил претседателот Владимир Путин.
Кремљ негираше каква било улога во труењето на Навални.
Неколку опозициски лидери и соработници на критичарите на Кремљ се обвинети за основање на екстремистичка група. Многу од блиските соработници на Навални ја напуштија земјата под притисок на руските власти.