Писма, судии, терористи...

МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него.

УЗБЕКИСТАН / ТУРЦИЈА - Познатиот узбекистански новинар Бобомурод Абдулаев е приведен во Турција под неодредени обвиненија, а неговото семејство вели дека стравува дека ќе биде измачуван доколку се врати во централноазиската земја.

ЛИБИЈА - Гумен брод со десетици мигранти во Европа потона во близина на брегот на Либија, а најмалку 55 лица се удавија, меѓу кои и жени и деца, објави денеска Агенцијата за миграција на Обединетите нации (ОН).

СУДАН - Ахмед Харун, поранешен судански политичар баран за наводни злосторства против човештвото рече дека тој и другите поранешни функционери повеќе не се во затвор. Харун беше меѓу оние во затворот Кобер во главниот град Картум кои се соочуваат со обвиненија од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

МАКЕДОНИЈА - Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија денеска одржа констититутивна седница.

МАКЕДОНИЈА - Со седум гласа ЗА, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е разрешена од функцијата, констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми на денешната седница на Судскиот совет.

ЕУ - Русија го користи своето влијание во Србија обидувајќи се да дестабилизира и да се меша во соседните суверени држави, се вели во извештајот кој денеска го усвои Комитетот за странско мешање во Европскиот парламент (ЕП).

МАКЕДОНИЈА - Писмото на американската амбасадорка Агелер е испратено секаде каде што е потребно, рече денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски откако американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер преку писмо ја изрази загриженоста на Соединетите Држави за поништените пресуди во случаите против високи профили.

РУСИЈА - Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во руски затвор, денеска соопшти дека покрај случајот што се води против него за екстремизам, отворен е нов случај за тероризам, јави ТАСС, повикувајќи се на свој известувач во Московскиот суд.

БИХ - ЕУФОР внимателно ја следи безбедносната и политичката ситуација во Босна и Херцеговина (БиХ) и не забележа ниту процени каква било промена во безбедносната ситуација, изјави за Радио Слободна Европа, Емер Кели, портпарол на воените сили на Европската унија (ЕУ) во Босна и Херцеговина.

УКРАИНА - Во текот на изминатиот ден Москва ги засили офанзивните акции на фронтот Бахмут-Авдијивка-Маринка на исток, каде што украинските бранители се соочуваат со зголемен притисок од руските гранатирања, воздушните напади и пешадиските напади, соопшти Киев на 26 април.