Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во руски затвор, денеска соопшти дека покрај случајот што се води против него за екстремизам, отворен е нов случај за тероризам, јави ТАСС, повикувајќи се на свој известувач во Московскиот суд.
„Истражителот ме информираше дека против мене е отворен нов случај за тероризам и дека ќе ми суди воен суд“, рече Навални.
Московскиот суд денеска го разгледува барањето на истражителите за ограничување на рокот во кој Навални може да се запознае со материјалите во случајот за екстремизам.
Судски истражител, исто така, објави дека 11 лица биле ставени на меѓународна потерница во случајот за екстремизам против Навални.
„Истрагата за случајот против Навални се однесува на екстремистичко здружение. Во врска со тоа има 11 лица за кои е покрената меѓународна потрага“, рече истражителот.
Видете и ова: На рускиот критичар Навални му се заканува нова казна затворВо 2021 година, Навални беше осуден на три и пол години затвор поради прекршување на условите на условната казна што претходно му беше изречена. Ефективната пресуда му беше наложена на опозиционерот, откако се врати во Русија од Германија, каде беше на лекување.
Истата година, Московскиот суд го осуди на девет години во казнена колонија со строг режим по обвинение за измама при собирање средства за предизборна кампања и за навреда на судија.