Од Груби до Бајден

РУСИЈА - Полицијата во рускиот град Саратов на 24 април го приведе поранешниот член на руската платеничка група Вагнер, Азамат Улдаров. До ова дојдет откако тој пред неколку недели јавно изјави дека борците на платеничката група убиле цивили, вклучително и деца, во Украина.

ПОЛСКА - На руска тенисерка не ѝ беше дозволено да се качи во авион на полскиот авиопревозник ЛОТ, потврди авиокомпанијата во вторникот. Тенисерката Виталија Диатченко во понеделникот изјави дека не и било дозволено да се качи на летот на ЛОТ во Каиро, а германската авиокомпанија Луфтханза потоа исто така одбила да и продаде билет. Во соопштението испратено преку е-пошта, ЛОТ потврди дека не ѝ дозволил на тенисерката да се качи, наведувајќи ги ограничувањата воведени од Министерството за внатрешни работи на Полска за време на пандемијата ковид-19 и ажурирани во 2022 година по руската инвазија на Украина.

СРБИЈА - Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија работи на утврдување на сите факти во врска со видео снимките објавени во медиумите, а се однесуваат на постапките на полициските службеници со мигрантите.

МАКЕДОНИЈА - Ако за една недела не се реши барањето за покачување на платите во Државниот испитен центар ќе се доведе во прашање државната матура која треба да ја полагаат средношколците на 27 мај, најавија денеска вработените во Државниот испитен центар кои втор ден штрајкуваат.

МАКЕДОНИЈА / САД - Амeриканската амбасадорка во Скопје, Ангела Прајс Агелер е разочарана од работата на Апелациониот суд односно до враќањето на високопрофилните случаи на повторно судење, јавува ТВ Алсат. Таа на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во земјава кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка. Оваа информација ја потврдија за РСЕ од Министерството за правда и најавија дека писмото ќе биде разгледувано деновиве на седница на Влада.

СРБИЈА / КОСОВО - Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека отсега Србија во надворешната политика ќе воведе реципроцитет. Ова го изјави откако вчера во Советот на Европа се разгледуваше апликацијата на Косово за членство. Според информациите од Брисел 33 претставници на земјите членки на Советот на Европа, седум биле против, а пет биле воздржани гласаа против приемот на Косово во Советот на Европа.

МАКЕДОНИЈА - Денеска почнува процесот на интеграција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА) соопшти портпаролот на МПЦ митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод.

МАКЕДОНИЈА - Првиот вицепремиер Артан Груби апсолутно поддржува укинување на недела неработен ден. Тој на настан организиран од Стопанска комора посветен на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка рече дека со законското решение за недела неработен ден затајуваат процеси во државата.

САД - Американскиот претседател Џо Бајден официјално објави дека се кандидира за реизбор на следните претседателски избори во 2024 година. Тој во своето три минутно видео обраќање побара од гласачите да му дадат повеќе време да ја „заврши работата“ и да ја остави настрана својата загриженост за продолжување на мандатот на најстариот американски претседател за уште четири години.

МАКЕДОНИЈА - Вкупно по 250 милиони евра годишно ќе се одвојуваат за изградбата на Коридорот 8 и 10-д, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби во како што беше најавено месечно излагање во Стопанската комора на настанот именуван како „Бехтел и Енка - можности, предупредувања и договори“.
„Ако се проневери еден денар од народните пари, ние политичарите да скапеме доживотно во затвор“, изјави Груби.

ЕУ - Земјите од Европската унија во вторникот гласаа за одобрување на опсежни реформи поврзани со пазарот и емисии на јаглерод на Европската унија. Ова е нејзината главна климатска политика, со која се очекува да се зголемат трошоците за загадувањето во Европа во наредните години и побрзо да ги намалат емисиите на CO2.