Груби поддржува укинување на недела неработен ден

Илустрација - работници во фабрика

Првиот вицепремиер Артан Груби апсолутно поддржува укинување на недела неработен ден. Тој на настан организиран од Стопанска комора посветен на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка рече дека со законското решение за недела неработен ден затајуваат процеси во државата.

„Гледам дека е неопходно да се направат законски измени и затоа поддржувам, ќе се ангажирам да видиме со колегите во владата, не се сите со исто мнение, а не се со исто и сите пратеници, но во оваа група секако дека имате поддржувачи“, рече Груби, кој на настанот беше придружуван од министрите за финансии, економија и за транспорт и врски.

Стопанска комора бара да се укине законското решение за недела неработен ден. Комората поднесе иницијатива пред Уставен суд против овој закон, но Уставен ја отфрли и одлуки недела да остане неработен ден.

Видете и ова: Уставен суд одлучи: Недела е неработен ден и времена мерка за ДУП во општина центар

Законот за недела неработен ден стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Според него 92 отсто од работниците не требаше да работат во недела, а тие што работат во индустрии кои не може да бидат прекинати, добиваат повисоки дневници и дополнителен слободен ден.

Видете и ова: Ќе стави ли новиот закон за работни односи, крај на злоупотребите со прекувремената работа?

Во јуни лани, само неколку месеци по стапување на сила на законот, се направија измени и им беше дозволено да работат во недела и на трговците во туристичките места.