Американскиот претседател Џо Бајден официјално објави дека се кандидира за реизбор на следните претседателски избори во 2024 година. Тој во своето три минутно видео обраќање побара од гласачите да му дадат повеќе време да ја „заврши работата“ и да ја остави настрана својата загриженост за продолжување на мандатот на најстариот американски претседател за уште четири години.
Бајден, кој би имал 86 години на крајот на вториот мандат, се обложува дека неговите законодавни достигнувања во првиот мандат и повеќе од 50-годишното искуство во Вашингтон ќе значат повеќе од загриженоста за неговата возраст.
Видете и ова: Половина демократи против кандидатура на Бајден, мнозинството сепак би го поддржало на избориОбјавата на Бајден за реизбор доаѓа на четиригодишнината откако во 2019 година официјално влезе во трката за демократски претседателски кандидат на изборите во 2020 година и вети дека ќе ја излечи „душата на нацијата“ среде турбулентното претседателствување на Доналд Трамп.
„Реков дека сме во битка за душата на Америка и сè уште сме. Прашањето со кое се соочуваме е дали во годините што следат ќе имаме повеќе или помалку слобода. Повеќе права или помалку“, изјави Бајден.
Тој сега се соочува со мазен пат да ја добие номинацијата од неговата партија, без сериозни демократски ривали. Но, тој вели дека сè уште е подготвен за тешка борба да го задржи претседателството во горко поделената нација.
Истражувањето на Асошиетед прес и Центарот за истражување на јавното мислење Норк (NORC) покажа дека 26 отсто од Американците сакаат Бајден повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, што претставува благ пораст во споредба со јануари, кога тоа го кажале 22 отсто од испитаниците.
Од гласачите на Демократската партија на Бајден, 47 отсто сега велат дека сакаат тој да се кандидира, што е исто така повеќе од 37 отсто од демократските поддржувачи анкетирани во јануари.