Вкупно по 250 милиони евра годишно ќе се одвојуваат за изградбата на Коридорот 8 и 10-д, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби во како што беше најавено месечно излагање во Стопанската комора на настанот именуван како „Бехтел и Енка - можности, предупредувања и договори“. За обвинувањата од опозицијата дека Договорот со конзорциумот е штетен за државата и коруптивен Груби одговори дека не познавал ниту еден политичар кој ќе си дозволи коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании, додавјќи дека хајката што се води во јавноста е само за дневна политика.
„Ако се проневери еден денар од народните пари, ние политичарите да скапеме доживотно во затвор“, изјави Груби.
Груби информираше дека досега не се исплатени средства, а за првите пари кои ќе бидат дадени авансно за почеток на градежни работи ќе биде објавено на порталот Отворени финансии.
Видете и ова: Таен договор за јавни автопатиштаГруби ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека станала и новинар, медиуми, истражител обвинител и полицаец. Тој додаде дека за специјалниот закон и измените на другите закони кои се однесуваат на работата на коридорите 8 и 10-д се сретнал неколку пати со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, и со поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски и со потпретседателот Александар Николовски.
„Сите се согласија дека проектот е добар и велеа дека имаат нивни предлози, но никогаш не ни ги доставија, Им понудив да бидат дел од проектот да бидат дел управувачкиот комитет. Мицкоски ми рече и тоа цитирам - Терајте си ја работата. Ваш проект е. Ние доволно дадовме поддршка и ајде да одиме на предвремени избори“, изјави Груби.
Тој посочи дека склучениот договор со конзоциумот Бехтел и Енка не е државна тајна, но содржи доверливи информации и клаузули поради кој не може да се објави, затоа што се однесуваат технологии кои договорената страна ќе ги користи при изведбата, што за секоја фирма е деловна тајна.
Груби повтори дека измените на осумте закони кои се во собраниска процедура не ги барал конзорциумот Бехтел и Енка, туку самите пратеници ги предложиле. Во однос на Измените на законот за работни односи со кои се предвидува 60 часовна работна недела Груби вели дека тие не значат експлоатација на работниците.