Oд 300.000 до 600.000 абортуси, повеќето нелегални, се вршат во Иран, по стапувањето во сила на владиниот контроверзен закон од 2021 година со кој се заострија ограничувањата за медицински легален абортус и забраната за бесплатна дистрибуција на контрацептивни средства. Целта на законот беше поттикнување на населението во Иран.
Сега, официјалните лица изразија тревога за бројот на нелегални абортуси што се вршат во земјата, сугерирајќи дека владините ограничувања притиснале повеќе жени да ја прекинат несаканата бременост надвор од јавниот здравствен систем.
Жените кои бараат абортус во Иран често се потпираат на црниот пазар за да добијат апчиња за абортус кои можат да бидат фалсификувани или со истечен рок и неефикасни. Тие користат и подземни услуги за абортус од лекари и акушерки кои понекогаш работат во нехигиенски услови.
Акушерка од Техеран, која зборуваше за Радио Фарда на РСЕ под услов да остане анонимна поради страв од одмазда, рече дека нелегалните абортуси изгледаат „значително зголемени“. Акушерката вели дека здравствените работници сега проценуваат дека може да има дури 1 милион абортуси секоја година.
„Порано им дававме на луѓето бесплатни контрацептиви кои би помогнале да се спречи несакана бременост“, рече акушерката, додавајќи дека најпогодени се посиромашните Иранци. „Сега, жените од посиромашните [позадини] се принудени да бараат небезбедни абортуси со користење на апчиња што ги купуваат на црниот пазар што може да доведат до здравствени компликации и да ги загрозат нивните животи.
Акушерката предупредува дека властите се чини дека се решени да го зголемат наталитетот во земјата „по секоја цена“, потег што „само ќе доведе до зголемување на небезбедните абортуси“.
Видете и ова: Иран тврди дека принудила американска подморница да излезе во Заливот, САД негираатСпоред податоците од иранското Министерството за здравство, до 80 отсто од абортусите во Иран биле извршени нелегално, без при тоа да ги соопштат информациите за колку се зголемува бројот на нелегални абортуси.
Портпаролот на Министерството за здравство, Педрам Пакаин, на 19 април рече дека Министерството презема чекори за справување со „намерните абортуси“, вклучително и собирање апчиња за абортус од пазарот.
Според Светската банка, според Светската банка, стапката на раст на населението во Иран се намали од повеќе од 4 отсто во 1980-тите на 1,29 отсто во 2020 година, развој што го вознемири свештеничкиот естаблишмент во Иран.