Косовската претседателка Вјоса Османи вели дека „континуираното и отворено залагање на Србија да се меша во спроведувањето на слободни избори во Косово е во спротивност со духот на последниот Договор меѓу Косово и Србија за нормализација на односите.
„На ваквиот пристап на Србија би требало да се спротивстави целиот демократски свет“ порача Османи и додаде дека косовските институции стојат покрај сите граѓани во четири општини на северот на Косово.
Вонредни избори за градоначалници се одржаа на 23 април во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, општини во кои Србите се мнозинство.
Српската листа, најголемата партија на Србите во Косово, одби да учествува на овие избори и ги повика гласачите на бојкот, што го поддржа и официјален Белград.
Османи оцени како косовските институции им овозможиле на граѓаните да го остварат правото да учествуваат на избори и заклучил дека „криминалните групи управувани од Србија не можат да ги диктираат уставните и правните процеси на Косово“.
Османи им се заблагодари и на граѓаните кои учествуваа на изборите на 23 април и покрај, како што вели, „незаконската интервенција на Србија и нејзините криминални структури за да се спречи такво нешто“.
Странското мешање во изборните процеси е глобален проблем за демократскиот свет, кој не само што ја нарушува волјата на граѓаните, туку и го нарушува принципот на суверена рамноправност на државите, како една од основните норми на меѓународниот поредок“, се наведува во соопштението. наведува Претседателството.
Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите учествувале околу 1.500 гласачи од над 40 000 граѓани со право на глас.
Врз основа на прелиминарните резултати, кандидатите на движењето Самоопределување Ерден Атиќ и Љуљзим Хетеми победија во Северна Митровица и во Лепосавиќ. Кандидатите на Демократската партија на Косово Измир Зеќири и Иљир Пеци ќе бидат нови градоначалници во Зубин Поток, односно Звечан.
Видете и ова: Курти - Владата ќе ги поддржи новите градоначалници на северот во Косово
Претходно, премиерот на Косово Албин Курти изјави дека Владата ќе ги поддржи новите градоначалници за доброто на граѓаните.
Од друга страна, српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече „окупациски“ изборите на северот на Косово на 23 април.
Тој рече дека владата на северот на Косово има намера да ја формираат оние кои, како што наведе, не живеат на северот на Косово.
Претходно тој оцени дека Србите на Косово се во тешка ситуација бидејќи нема да учествуваат на изборите и дека ќе следи „целосна окупација“ по формирањето на новите локални власти.