Дрон со 17 килограми експлозив паднал во близина на Москва

Илустрација

Беспилотно летало натоварено со 17 килограми експлозив Ц-4 е пронајдено на периферијата на Москва, објави на 24 април руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи неименуван безбедносен извор.

Според информативните каналите „База“ и „Шот“ на Телеграм, една жена го пронашла дронот во шумата на околу 300 метри од нејзината куќа лоцирана во урбаната област Богородски во близина на Ногинск, на околу 34 километри источно од Москва.

Дронот бил скршен на два дела, објавија каналите, тврдејќи дека се работи за беспилотно летало УЈ-22 Ерборн од украинско производство.

Внатре имало 30 брикети тешки по 570 грама со експлозив Ц-4, или вкупно 17 килограми експлозив. Досегот на летот на таков дрон е до 800 километри.

Киев не го коментираше наводниот инцидент.