Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија.
„Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што ги ветивме. Никогаш не сме ветиле дека ќе има коалициска влада и нема шанси да отстапиме од овие ветувања“, додаде Петков.
Видете и ова: Радев: На Бугарија и требаат функционални парламент и ВладаТој коментира дека „клучот“ е ПП-ДБ да предложи малцинска влада, а заедно со ГЕРБ-СДС да разговараат за политиките.
„Според мене, многу е разумно, ако сакаат да видат каква влада ќе предложиме, да не поканат на состанок, на кој ќе одиме“, рече Петков и објасни дека на таа средба ќе бидат претставени политиките и периодот во кој може да функционира евентуалната малцинска влада.
На почетокот на месецов во Бугарија се одржаа петти по ред парламентарни избори за две години. Резултатот повторно беше тесен, со мало водство на ГЕРБ.
Видете и ова: Двете најголеми коалиции во Бугарија се договорија за избор на претседател на СобраниетоБугарија е управувана претежно од привремени влади назначени од претседателот Румен Радев, откако гневот на јавноста поради долгогодишната корупција резултираше во масовни протести во 2020 година по кои падна владата на Бојко Борисов. Оттогаш ниедна партија не може да формира стабилно мнозинство за да владее и се распишуваат предвремени избори.